18/10/2007 - USTE EDEN POST ZA TEBE... ANGELU MOJ

Бисер од болка

Тивко стоев под врбата на сомнежите,

тажна, облиена со љубомора,

полна со лути прерасуди и очајни воздишки.

Ја држев раката врз срцето,

ја гризав устата,

сакав да ја надминам болката во длабочината.

Молчев, молчев, доволно молчев,

се ќе ти кажам...

Ти ја дадов душата,

ти ги подарив сите мои песни,

ти ја дадов на чување мојата слобода,

а за возврат барав само допир.

Сакав, молев и плачев

за нешто да се смени.

Темнината околу мене,

ја сакам, но во неа не можам да пишувам,

ах, каква стапица.

Со рацете го допирам лицето,

влажно е,

со секој миг лутината расте,

и наеднаш бум,

се губи во далечината,

само тагата останува.

И се враќам на мојата депресија,

позната ми е,

долго време ми беше единствениот сопатник.

Го добивам одговорот,

не можам да се мрднам од местото,

сакам да запрам се, само за момент

и да излетам низ онаа врата.

Се гушам во зборовите,

ни да плачам не можам.

Срцето за момент престанува да чука.

Го чувствувам на мене бисерот,

што го ставив само за тебе...

Станува се потежок, лагата тежи,

не можам да дишам од него,

дали се ќе престане?

И конечно, слатка амброзија, мир.

Талкам низ градот,

низ нашиот град,

и се што ќе погледнам го има нашиот потпис,

но полека бледнее,

останувам само јас,

сама сред виулицата од чувства.

Завршено е се,

нема место за крај,
и колку и да ме боли,

бисерот останува на мене!

:: Obavesti prijatelja!

O meni

mojot najoglem smrten grev-SPAKY


Poslednje objavljeno
Meni

Prijatelji
Linkovi

      Naslovna strana | Napravi blog | Prijavite se