29/9/2007 - ВРЕМЕ
Времето е како сеќавање сега. без тебе како светов да не постои. без тебе како од смртна болест за мене лек да нема. без тебе сум изгубена некаде тво тишината на ветерот. те барам во секој солза. те барам во секоја насмевка моја. а тебе те нема. далеку си од мене ти сега. заспивам и сонувам. сонувам и се будам. се будам и мислам на тебе. мислам на тебе и патувам некаде надвор од овој свет. заборавам дека живеам и те барам во другите светови. делата твои останаа само на булеварот на заборавените. на улиците останаа само нашиот болен крик, само еден вечен миг. остана и еден искинат лист од плисокот на бајките. заминуваш оставаш само трага, а гласот твој го носи реката на осамените души кој тече низ срцево и го дели на ва дела, го распарува и само крвта и твоето име се лијат по него.
:: Obavesti prijatelja!

O meni

mojot najoglem smrten grev-SPAKY


Poslednje objavljeno
Meni

Prijatelji
Linkovi